А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

by А1он15/03/2025 - 11:471445
Share0

На 14.03.2025 во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по итна постапка. Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје.

Добивај вести на вибер
makedonijasoobrakajka

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 21:1103/03/2026 - 21:30

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 20:59

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 17:5728/02/2026 - 18:06

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 17:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен