Граѓани јавуваат од терен за низа обиди за кршење на законот. Едно лице кое вршело агитирање за една политичка партија, приведено е од полицијата.
Забележана е и агитација кај ромско население во Центар. Граѓаните ги убедувале да гласаат за една партија, а имало и закани.
Службени возила од Центарот за управување со кризи, како што велат граѓаните разнесуваат граѓани до гласачките места.
Во Демир Хисар член на избирачки одбор кажал јавно за кого ќе гласа.
Во Центар Жупа лице без акредитација ги броело и запишувало граѓаните.