Приведено лице барано по централна потерница

Од:

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, синоќа го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, кој живеел во Скопје.

Како што се наведува во соопштението од МВР, вчера во 19:20 час на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, со место на живеење во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он