Приведен албански државјанин за подметнување пожар во Гостиварско

Од:

Денеска во 15.10 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате лишен од слобода е Л.А.(32) од Р.Албанија, кој илегално престојувал во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. и тој ќе биде задржан за понатамошна постапка.

Едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.

Во текот на вчерашниот ден, пак, спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

„Потсетуваме дека предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски