Приведено едно лице за инцидентот во Тетово, по друго се трага

Од:

Полицијата привела едно од лицата за кое имало сознание дека е вклучено во престрелката што се случи вчера во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, а по друго лице е распишана потерница, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– При увидот на полицијата и Обвинителството биле пронајдени и подигнати повеќе траги како празни чаури од пиштолска муниција со калибар 9 мм, еден проектил, траги од крв и друго. Многу брзо по инцидентот полицијата обезбедила едно од лицата за кое имало сознание дека е вклучено во престрелката, а по друго лице е распишана потрага, информираше Јосифовски.

Во инцидентот што се случи вчеравечер околу 22 часот во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, A.A.(22) од Порој почина, а уште 10 лица се здобиле со разни повреди по вооружената престрелка. Според првичните информации, вели Јосифовски, засега непознато лице започнало однадвор да пука кон група други лица кои во тој момент биле во објектот. При тоа, А.А. се здобил со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош. Тој веднаш по укажаната помош во тетовската болница бил упатен кон Скопје, но на пат за скопската болница „Систина“ им подлегнал на повредите и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција.

Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, задобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница. Други четири лица завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и друго и откако биле пренесени во тетовската болница по укажната помош биле пуштени на домашно лекување.

Доктор Илбер Бесими раководител на Одделот за хирургија при тетовската болница потврди дека во болницата околу 22 часот синоќа лекарска помош побарале 11 лица, шест со повреди од огнено оружје и пет со посектоини, гребнатинки и слично.

– Од повредните со огненото оружје четири биле упатени кон Ургентниот центар во Скопје и по пат едно од лицата кое било во животна загрозувачка состојба починало, а другите три се задржани на лекување во Ургентниот центар во Скопје и се вон животната опасност. Според информациите со кои располагам останатите две лица, како и пет други со други повреди по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница се пуштени на домашно лекување, рече др. Бесими.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот и мотивите за престрелката.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски