Приведени учесниците во синоќешната тепачка во Охрид

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид приведе шест лица од Охрид, поради нарушувањето на јавниот ред и мир што се случи утринава околу 1 часот во кафе бар лоциран на булеварот „Македонски просветители“ и пукањето со огнено оружје на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид.

Од лишените од слобода, три лица се наоѓаат во Општата болница, а еден во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им е дадена медицинска помош поради повредите здобиени во масовната тепачка и се наоѓаат надвор од животна опасност.

– До нарушувањето на јавниот ред и мир во угостителскиот објект е дојдено во момент на вербална расправија помеѓу две групи, односно четири лица кои во момент на алкохолизираност започнале вербална расправија, а потоа и жестока физичка пресметка. Притоа размениле повеќе удари со раце и нозе, со чаши, шишиња и делови од инвентарот. По кратко време, двајца од учесниците во тепачката со патничко моторно возило застанале пред домот на еден од спротивната група на улицата „Лазо Трпоски“, каде со огнено оружје пиштол кон куќата испукале повеќе проектили, соопшти СВР Охрид..

Оттаму информираат дека по овој настан, на хируршкото оделение во општата болница во Охрид се сретнале родителот на еден од учесниците во тепачката во кафе барот со двајца од спротивната група. Тука настанала меѓусебна вербална расправија и физичка пресметка. Притоа во обид да ја спречи пресметката, нападнат бил и еден полициски службеник кој се здобил со лесни телесни повреди.

Секторот за внатрешни работи Охрид презема понатамошни мерки за целосно расветлување на овој настан по што, по неколку основи против учесниците ќе бидат поднесени кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство