Приведени три лица за издржување затворски казни до шест години

Од:

Полицијата во три одвоени акции во Скопје, Гостивар и Тетово лишила од слобода три лица за издржување на затворски казни до шест години, информираат од МВР.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 16:25 часот во село Аџиевци ја привеле 36-годишната З. Р., која се барала со потерница за доиздржување на казна затвор во траење од една година во КПУ Затвор Идризово Скопје, осудена по член 256 во врска чл. 141 од К.З.

Врз основа на судска наредба од Основен суд-Тетово од полициски службеници од Полициско одделени Теарце денеска во 6:00 часот бил лишен од слобода 28-годишниот Е.Б. од село Слатино за идржување на казна затвор во траење од шест години во КПУ-Затвор Идризово во врска со чл.237 ст.1 од КЗ.

Како што информираат од МВР, денеска во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје по судска наредба го лишиле од слобода 19-годишниот А.А. од Скопје за издржување на казна во КПУ Затвор Охрид.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски