Приведени тетовец и гостиварец за издржување на затворски казни

Од:

МВР информира дека вчера, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле тетовецот Б.И. и гостиварецот А.С. за издржување на затворска казна во затворот во Тетово.

– Вчера (24.05.2023) околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец Б.И.. Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а набргу бил спроведен во установата, известуваат од полицијата.

Нешто подоцна, околу 16.20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле и 35-годишниот гостиварец А.С. за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

И А.С. бил спроведен во оваа установа за издржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби