Приведени седум лица во тепачка на плажата „Горица 3“ во Охрид

Од:

Седум лица се приведени откако денеска во 10:50 часот го нарушиле јавниот ред и мир на плажа во комплексот „Горица 3“.

СВР Охрид соопшти дека пет од седумте лица се приведени откако им била укажана медицинска помош во Општата болница во Охрид.

Физичката пресметка настанала меѓу две помали групи најверојатно поради нерешени меѓусебни недоразбирања по што на местото на настанот пристигнале полициски службеници кои презеле соодветни мерки. Набрзо потоа пристигнале пет лица кои носеле опасни орудија и кои нападнале едно лице на шанкот кое претходно помогнало за смирување на ситуацијата. На местото на настанот пристигнало полициско засилување по што ситуацијата била смирена, а повредените однесени во Општата болница во Охрид.

СВР Охрид во соработка со јавниот обвинител презема дополнителни активности и работи на целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум