Приведени повеќе лица во голема полициска акција за откривање на оружје и дрога

Од:

Повеќе лица се уапсени во Скопје во обемна полициска акција за откривање на оружје и дрога. Припадници на полицијата од рано изутринава извршија претреси на 34 локации во главниот град, при што се приведени повеќе лица.

Претреси биле извршени во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар. Полицијата барала повеќе лица инволвирани во различни кривични дела.

При претресите биле пронајдени дрога и нелегално оружје, дознава „Макфакс“.

Акцијата започнала пред 5 часот изутринава и траела до 15 часот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари