А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведени полицајци од Кратово и Куманово за учество во „незаконит лов“

by А1он11/01/2013 - 15:46230
Share0

Во раните утрински часови денеска СВР Куманово во содејство со ветеринарна и ловна инспекциска служба, а врз основа на судски наредби изврши претреси во 12 домови и во Ловното друштво „Буковац“, при што се запленети и одземени 24 ловни пушки, 3 пиштоли, поголема количина на муниција, маскирни униформи, едно возило со кое е извршен транспортот на отстреланите диви свињи, како и месо од разновиден дивеч, со сомнение дека се работи за диви свињи, див зајак и срна која што со закон е забранета за лов.

Добивај вести на вибер

Кумановската полиција по добиени оперативни сознанија дека во среднината на минатиот месец кај месноста викана „Мати Камен“ или „Вучји Колиби“, во атарот на село Сакулица, кратовско, е извршено масовно сотирање на дивеч, изврши проверки при што е потврдено дека Ловното друштво „Буковац“ од Кратово за 16.12.2012 година издало дневни дозволи на две групи од по 10 ловџии. По завршување на ловот истите пријавиле дека отстрелале само една дива свиња, како што е предвидено според законските прописи, меѓутоа според доказите со кои располага СВР Куманово, се работи за отстрел на осум диви свињи.

Во овие криминални дејствија, соопшти денеска МВР, се инволвирани и полициски службеници од Полициските станици во Кратово и во Куманово, кај кои исто така е извршен претрес и се приведени како и сите останати сторители, за што е запознаен и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде изготвена кривична пријава за „незаконит лов“, а сторителите ќе бидат предадени во Основно јавно обвинителство Куманово.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен