Приведени петмина државјани на Република Албанија

Од:

Во акциска контрола на служебниците од полициското одделение Галате, за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето во гостиварските села Дебреше и Неготино-Полошко, утрово се откриени петмина државјани на Република Албанија, информираат од СВР Тетово.

По приведувањето, на лицата на возраст од 18 до 48 години, било утврдено дека четворица од нив поседувале документи за идентификација, а едниот бил без документи. Во земјава работеле како аргати по полошките ниви.

Странските државјани, по кусото задржување, предадени се во Полициската станица Гостивар, а потоа за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции,странци и реадмисија.

Изминатиов викенд, во слична акција, во Гостиварско, откриени беа и депортирани 12 албански државјани без регулиран престој. 

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи