Приведени пет странски државјанки од гостиварска кафеана

Од:

Во акција на полицијата која синоќа била спроведена во Гостиварско, откриени и приведени биле пет странски државјанки, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во угостителскиот објект „Мексико Сити“ на улицата „Илинденска“ во Гостивар, нешто по полноќ, биле затекнати седум женски лица на возраст од 23 до 38 години. Тие во локалот биле ангажирани да ги забавуваат гостите како пеачки и танчарки.

По приведувањето било утврдено дека две се државјанки на Република Македонија, три од Албанија и две од Косово. Сопственикот на локалот Р.Б. (43) и македонските државјанки по извршениот разговор се пуштени, а странските државјанки предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Утрово, под сомнение дека ги злоупотребиле туристичките визи за престој во земјава тие биле изведени пред судија во Основен суд Гостивар. Во последната акција бил приведен и И.Х. (53) од Добри Дол, кој ги омаловажувал и навредувал полициските службеници.

Годинава, во неколку локали во Гостиварско, приведени беа десет странски државјанки, кои исто така во земјава работеле, а при тоа немале дозволи за работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас