Приведени осомничени за нападот на Села во Собранието

Од:

39 годишниот Кире Ѓеоргиевски од Скопје и неговиот 68 годишен татко утрово се приведени во полициската станица Кисела Вода под сомнение дека го нападнале пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилствата и нередите на 27 април.

Кривична пријава, пак, како што соопшти МВР, ќе биде поднесена против И.К. (37), исто така од Скопје, кој се товари за напад врз претседателот на СДСМ и пратеник Зоран Заев.

Во домот на Кире Ѓеоргиевски околу шест часот утрово бил извршен претрес при што се пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои му се одземени. Утврдено е дека во собраниската сала 3, каде што се одржуваше прес-конференцијата, таткото на Кире Ѓеоргиевски најпрво фрлил стол, а тој фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле Зијадин Села.

Според МВР, И.К. бил повикан на информативен разговор вчера попладне околу 12:30 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“. Во разговорот кажал дека откако влегол во салата каде што се одржувала прес-конференцијата, со употреба на физичка сила го нападнал Заев и фрлил стол кон вработени од обезбедувањето.

По разговорот со полициските службеници, И.К. во 16:15 часот е ослободен.

СВР Скопје информира дека во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за потврдување и документирање на дејствата.

– Исто така, СВР Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, и натаму презема мерки и активности во врска со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните, а се работи и на повикување лица на службени разговори кои досега се идентификувани како лица кои биле присутни или учесници во настаните во Собранието на Република Македонија на критичниот ден, стои во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски