Приведени наркодилери од Струга и Велешта во акцијата „Мрежа“

Од:

Министерството за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во рамки на акцијата „Мрежа“ за сузбивање на дилерски мрежи за дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво во раните утрински часови денеска изврши претреси кај две лица на подрачјето на градот Струга и еден претрес во село Велешта.

Од спроведеното криминалистичко истражување, изјави денеска Наталија Спирова Кордиќ, началник на Секторот за односи со јавност и протокол во МВР, дојдено е до сознание дека се работи за организирана криминална група која делувала на подрачјето на Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.

– Првоосомничениот на возраст од 28 години е лишен од слобода во село Велешта и за него постојат сознанија дека подолг временски период заради неовластена продажба на кокаин и марихуана организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал повеќе лица, рече Спирова Кордиќ.

Посредниците во продажбите дрогата ја продавале по различни цени и количини и добивале одреден процент од недозволената трговија со дрога, но најголем дел, појасни таа, од заработувачката го задржувал организаторот.

Според неа, добиени се сознанија дека првоосомничениот од засега непознати лица од Албанија набавувал кокаин и марихуана, ги носел во својот дом во село Велешта каде ги препакувал во помали количини и ги продавал на повеќе лица дилери и уживатели на локации во Струга и Охрид. Продажната цена се движела од 3.000 денари за еден грам кокаин и 500 денари за паковка марихуана.

При извршениот претрес во село Велешта, информира началникот на Секторот за односи со јавност и протокол во МВР, пронајдени се 25 паковки со прашкаста материја, дел скриени во кутија од шумливи таблети, потоа остатоци од марихуана, околу 2.000 евра, куршум, повеќе мобилни телефони и други вредни предмети кои најверојатно биле оставени како залог за купување дрога и лични документи.

– Во вториот претрес во Струга кај еден од посредниците на организаторот пронајдени се гасен пиштол, сад со остатоци од прашкаста материја и мобилен телефон, изјави Спирова Кордиќ и додаде дека пронајдената прашкаста материја и другите предмети ќе бидат доставени за понатамошно испитување и вештачење.

Од страна на МВР ќе биде поднесена кривична пријава против три лица, двајца на возраст од 28 години и едно лице на возраст од 41 година, сите од Струга, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што изјави Спирова Кордиќ, за уште едно лице постојат сомненија дека делувало во рамки на оваа група и против него во претходен период е поднесена кривична пријава за истото дело и лицето веќе се наоѓа во притвор.

Најави дека активностите на МВР и Основното јавно обвинителство во рамки на „Мрежа“ продолжуваат и во други градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски