На излез од Гевгелија, вчера, полициска партола се обидела да сопре возило „сеад толедо“ со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него откриени биле 7 лица мигранти од Сирија.
Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Денеска бил фатен и приведен и возачот од „сеат толедо“ – О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.