Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Вчера вечер околу 23.45 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода 31-годишниот Е.К. и 24-годишниот Н.К., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и до 09.06.2023 користеле отсуство.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби