Приведени две лица во врска со вчерашната пукотница во Охрид, по можниот извршител се трага

Од:

Полицјата приведе и лиши од слобода две лица во врска со вчерашниот оружен инцидент во Охрид, кога со огнено оружје беше рането едно лице. Тие во критичниот момент биле заедно со трето лице за кое полицијата смета дека е можниот извршител на кривичното дело „Убиство во обид“ и по кое е покрената потрага.

– Засега непознатиот сторител вчера со огнено оружје – пиштол пукал кон 34-годишно лице од Охрид, нанесувајќи му прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице со возило на Службата за итна медицинска помош е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, од каде, по укажаната лекарска помош е префрлено во „Клинички Центар“ – Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Сторителот на казненото дело „убиство во обид“ пукал врз сега повредениот, откако двајцата се сретнале на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“ во Охрид при што настанала жестока меѓусебна вербална расправија. По испукувањето, сторителот на казненото дело, заедно со уште три други лица, со патнички автомобил „Фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, избегале од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка