Приведени две лица во струшко, фатени со бесправно исечени дрва

Од:

Приведени се две лица во струшко, кои биле фатени со бесправно исечени дрва, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 28.06.2022 година околу 13.00 часот, на локален пат помеѓу струшките села Боровец и Лакавица, кај месноста „Равење“, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи-Запад, во содејство со ОВР Струга, Шумската полиција, подрачната единица на Министерството за шумарство и водостопанство и Полициската станица во Лабуништа, презедоа координирани мерки со цел фаќање на сторители на нелегална сеча и транспорт на огревно дрво.

Притоа, сопрено е товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од селото Велешта, во кое, без документација се превезувале 14,2 метри просторни огревно дрво. Сопатникот во возилото, Т.Д.(45) од Вевчани, вработен во ШПС „Јабланица“, се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но бил спречен од полициските службеници. Од него се одземени два кочани со испратници и еден чекан за жигосување дрва.

По наредба на Јавен обвинител двајцата се приведени, извршени се претреси во домот на Т.Д. како и во Шумското претпријатие „Јабланица“, а товарното возило и дрвната маса се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“