Приведени две лица поради кривично дело изнуда

Од:

Денеска околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби