Уште еден тандем крадци фатен на дело, сега на штипско градилиште

Од:

Полициски службеници од ПС Штип ги лишиле од слобода штипјаните Т.М. и Н.А. на 28 и 19-годишна возраст, затоа што вчера по 23 часот биле затекнати при вршење на кражба од градежен објект.

– На 18.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект, информира МВР.

Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице. По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштува Министерството за внатрешни работи.

За сличен настан полицијата извести и минатата недела, кога во Кочани, исто така на дело на градежен плац среде бел ден, беа фатени 26-годишен крадец и неговиот 15-годишен помошник.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби