Приведени двајца велешани кои превезувале мигранти

Од:

Полицијата вчера околу 4:00 часот приведе двајца велешани кои превезувале четворица мигранти од Иран, кои по расправија со двајцата им го одзеле клучот од возилото и побарале помош кај наплатната рампа „Градско“.

Како што информираат од МВР, полициските службеници од Полициската станица Неготино по преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р. (36) и С.Р. (20), двајцата од Велес, патничко возило „Митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран, кои изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р. Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија.

И.Р и С.Р. биле приведени во полициската станица Неготино, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски