Приведени двајца угостители поради непридржување до протоколите за работа во пандемија

Од:

Двајца сопственици на угостителски објекти во тетовско се приведени вчера навечер откако гости се забележени во внатрешноста на нивните локали, а воедно немало поставено маски соодветно на протоколите за работа во време на пандемија. Тие се откриени во заедничка акција на полицијата со Државен пазарен инспeкторат при што се извршени контроли на вкупно 31 објект.

-Вчера околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода З.М.(48) од Тетово, поради основи на сомнение дека не ги почитувал протоколите за работа и сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Поради сомнение дека сторил истото кривично дело, вчера околу 22 часот и 25 минути, исто така, во тетовско Одри бил лишен од слобода и С.Ф.(52) од ова село. Двајцата биле приведени во полициска станица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата за неносење заштитни маски поднела 56 прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 63 лицa, додека вкупно биле контролирани 352 лица со вакви решенија. Изјави за самоизолација потпишале вкупно 12 лица, а контролирани биле 73 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски