Приведени двајца тетовци, еден баран со потерница за издржување затвор, а друг за уцена

Од:

Полицијата вчера приведе двајца тетовци, еден баран со потерница за издржување затворска казна, а друг за сторено кривично дело „уцена“.

Како што соопшти МВР, Т.Г. (60) е приведен пред угостителски објект, во 11:45 часот, врз основа на издадена судска наредба, по што е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.

А.И. (32) од село Пирок, пак, е приведен во 13:30 часот откако триесет и двегодишна жителка на ова село го пријавила случајот. Таа во пријавата поднесена на 19 ноември околу 21 часот посочила дека А.И. ја уценувал преку Фејсбук – ако не му даде пари, ќе објави нејзини компромитирачки фотографии. А.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба