Приведени двајца осомничени за убиство на пензионер во Прилеп

Од:

Двајца прилепчани се осомничени за убиството на пензионерот В.М. (65) од Могила кое што се случило завчера, во изнајмениот стан во Прилеп. Полицијата информира дека ги привела и двајцата.

Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М. (33) коишто целосно го признале извршувањето на убиството, кое што е извршено на 27 февруари. Според сознанијата на МВР, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом, така што критичниот ден заедно влегле во домот откога претходно купиле алкохол и потоа заедно конзумирале.

Првоосомничениот, откога побарал одредена сума пари од жртвата а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде забележан ја пробол жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот, при што жртвата се завртела кон него и притоа уште еднаш била прободена во пределот на градите по што паднала на подот. Второосомничената цело време била присутна за време на извршувањето на кривичното дело.

Откога го извршиле убиството од џебот на панталоните на пензионерот го одзеле мобилниот телефон како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.

Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број на биолошки, хемиски и дактилоскопски траги и со наредба на ЈО се испратени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ.

Полицијата против двајцата осомничени до Јавното обвинителство е поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он