ВИДЕО: Приведени двајца од насилниците во кафе барот „Њу Орлеанс“

Од:

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, идентификуваше и приведе двајца учесници во инцидентoт што се случи завчера околу 24 часот кога беше демолиран угостителски објект „Њу Орлеанс“, во Старата скопска чаршија.

Откако бил документиран случајот, информира на денешната прес-конференција помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, вчеравечер со кривична пријава до Основното Јавно обвинителство-Скопје, биле предадени двајцата кои се на возраст од 24 и 25 години, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

– Откако двајцата осомничени беа изведени пред надлежен судија во претходна постапка, на 24-годишното лице му изрече мерка притвор во траење од осум дена, додека на второосомничениот му се изречени алтернативни мерки за обезбедување, рече Котевски.

neworleans-sk

На 04.08.2014 во кафе бар „Њу Орлеанс“, пријавените со уште неколку засега непознати лица, влегле во внатрешниот дел од локалот, по што едно од лицата се приближило до шанкот кај диџејот кој пуштал музика, и во еден момент физички го нападнал и му го скршил лап топот бидејки истиот пуштал македонска музика. Лицата ги искршиле и прозорските стакла, инвентарот во објектот и на летната тераса, а физички нападнале и тројца од персоналот меѓу кои и вработена, која се обидувала од мобилен телефон да повика полиција, по што го напуштиле местото на настанот.

На тој начин, според Котевски, пријавените заедно со другите лица кај оштетените, вработените и присутните гости предизвикале чувство на страв, загрозеност и несигурност.

Инаку, пријавениот кој веќе е префрлен во притвор во Истражниот затвор Скопје, и претходно е пријавуван од полицијата како сторител на кривични дела проследени со насилство за што во 2011 година е осомничен за сторени две кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие “ и „учество во тепачка“ при инцидентот кој што се случи на Кале.

СВР-Скопје продолжува и понатаму да превзема мерки за откривање и на останатите лица кои се инволвирани во кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата