Приведени двајца криумчари на мигранти

Од:

Вчера, околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија.

Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи