Приведени двајца дилери, запленета марихуана

Од:

На регионалниот пат Негорци -Прдејци вчера околу 17:30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во соработка со ОВР Гевгелија, лишени се од слобода Џ.С.(29) од Гевгелија и Ф.Н.(34) од Скопје.

Како што информира МВР, Џ.С.бил затекнат како предава поголемо пакување марихуана на Ф.Н., кој чекал паркиран до патот во своето патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки. При обидот да биде лишен од слобода Џ.С. се обидел да избега, но бил фатен и кај него било пронајдено пакувањето марихуана во количина од еден килограм. Полициски службеници го лишиле од слобода и Ф.Н..

На лице место е извршен увид од страна на криминалистичка техника при ОВР Гевгелија, а двете лица се приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он