Приведени двајца дилери, пронајдена околу 5 килограми дрога

Од:

Вчера околу 12.10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода 24-годишниот Т.Ј. од село Негорци, гевгелиско и 26-годишниот Н.И. од Гевгелија, извести МВР.

– При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници, соопшти МВР.

Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ