Приведени двајца битолчани, криумчареле 24 мигранти во комбе

Од:

На магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија, после клучка Марвинци во правец на с.Удово, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(50) и А.Д.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.

Имено, при извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти (12 од Пакистан, пет од Сирија, пет од Индија и две од Авганистан).

Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука