Приведени девет мигранти и 19-годишен возач кој ги превезувал

Од:

Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.

Како што соопшти МВР, вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на клучка с.Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од Е.И. (19) од Скопје (кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило), кое се движело со голема брзина.

– Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициски службеници. На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ