Приведени четворица малолетници од Скопје за насилство

Од:

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Според пријавеното, малолетниците во петокот околу 19.30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, бил пуштен на домашно лекување, информираат од МВР.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари