Приведени четворица крадци, извршиле 33 тешки кражби оштетувајќи ја инсталацијата на Телеком и Железници

Од:

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево на 04.07.2021 ги лишија од слобода С.Д.(29), Ф.А.(36), Е.З.(49) и С.Д.(26), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“.

Со тоа, соопштија денеска од МВР, се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.

– Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, меѓу кои електро мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на Железници на Република Северна Македонија и Македонски телеком. Со лицата е извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации (ул.„Бојмија“, ул.„Владимир Комаров“, бул. „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“), на кои во период од 12.05. до 01.07.2021 ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на Македонски телеком, преку оштетување н а шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации, се појаснува во соопштението од МВР.

Од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он