Приведени четири лица по тепачка во Тетово

Од:

Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца 17- годишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Според полициските податоци тепачката била пријавена половина час по полноќ од страна на 17-годишно машко лице, по што на местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот.

Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците во тепачката тие испукале и неколку куршуми во воздух.

На местото биле лишени од слобода Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово, додека двајцата малолетници на возраст од 17 години, исто така од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле донесени во полициската станица во градот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Метален профил усмрти градежен работник од Велес