А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведени 9 лица за криумчарење мигранти, откриени 37 илегални мигранти од Сирија

by А1он06/10/2014 - 16:07158
Share0

МВР откри организирана криминална група во Република Македонија, како дел од меѓународна организирана криминална мрежа, инволвирана во активности со криумчарење на мигранти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во акцијата се приведени девет лица, додека три не се достапни за органите на прогонот.Извршени се претреси во Скопје, Куманово и село Ваксинце, на коишто живееле или престојувале дел од членовите на криминалната група. Во Ваксинце пронајдени се вкупно 37 илегални мигранти од Сирија. За транзит низ Македонија се плаќало по 1.500 евра од мигрант, а трансферот на пари од криминалната група во Грција до Македонија и Србија се вршела преку Вестерн Унион.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес-конференција информира дека ќе биде поденсена кривична пријава против 13 лица за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнвуање на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ и „криумчарење мигранти“. Лицата се на возраст од 22 до 40 години од КСопје, Куманово, село Лојане, Ваксинце и Банско-Струмица.

Јанкулоска појасни дека три лица од Скопје на возраст од 34 до 40 години со цел стекнување противправна имотна корист, предводени од лице од Пакистан, во земјава подолг временски период во содејство со лица од криминална група од Грција криумчареле мигранти преку илегални премини во околината на Гевгелија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Од таму координирано и на утврдени места се вршело прифаќање на мигрантите и на организиран начин со возила се превезувале до Куманово, каде што во селата Ваксинце и Лојане мигрантите се засолнувале и времено се сместувале, а подоцна преку илегални премини ги криумчареле во Србија, појасни министерката за внатрешни работи, додавајќи оти мигрантите се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од блискиот и далечниот исток.

Пакистанскиот државјанин им давал инструкции на членовите на криминалната група за безбедно прифаќање и за нивната траса за движење односно дали е безбедно и дали има или не полициски патроли. На тој начин, „организираната колона“ товарното возило со мигрантите и чистачи возила на патот од Валандово, преку Струмица, штип и Свети Николе се упатувала кон Куманово.

Во тек е превземање мерки и активности, информира Јанкулоска, со цел пронаоѓање и лишвуање од слобода на други лица инволвирани во криминални активности.

migrantimvr

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео