Приведени 9 лица, повредени 3 полицајци, по натпреварот на КК „Куманово“ и КК „МЗТ“ во Куманово

Од:

За време на одигрувањето на првенствениот кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Куманово“ од Куманово и КК „МЗТ“ од Скопје, синоќа во спортската сала во Куманово, околу 20,30 часот  полицијата презеде мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир, при што приведени се девет лица.

МВР денеска соопшти дека во текот на третата четвртина од натпреварот од страна на публиката врз гостинските играчи се фрлени разни тврди предмети и недолично однесување при што од страна на делегатот во 20:28 часот е прекинат натпреварот, а во писмена форма е побарано од страна на полицијата да се испразни салата за продолжување натпреварот.

– Од страна на организаторот на разглас е побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа истите започнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата, при што од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата со потиснување на навивачите, стои во соопштението од МВР.

По излегување од салата, се посочува, навивачите продолжиле со нарушување на јавниот ред и мир, со фрлање на камења кон влезната врата на спортската сала, при што се скршени повеќе стакла и повредени се тројца полициски службеници, а оштетени се и две патнички моторни возила.

Од страна на полицијата, се вели во соопштението, масата е разбиена, а состојбата нормализирана, при што привидени се девет лица, од кои на шест им се изречени прекршочни платни налози за сторени прекршоц, а за три лица кои се малолетни постапката е во тек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка