ВИДЕО: Приведени 8 членови на криминална група која фалсификувала и користела платежни картички

Од:

МВР по спроведена повеќемесечна истрага под името „Сити“ вчера во акција во Скопје, Куманово и Штип приведе 8 лица, членови на организирана криминална група инволвирана во вршење криминални активности со изработка и употреба на фалсификувани платежни картички и вршење нелегални трансакции. Двајца членови на криминалната група се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Против членовите на криминалната група до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „изработка и употреба лажна платежна картичка“.

Организатори на криминалната група се 23 годишно лице од Куманово и две лица на возраст од 21 и 22 години од Скопје, а други пет лица од Куманово, едно од Штип и едно од Кичево, како членови на групата.

– Досега е утврдено дека членовите на криминалната група извршиле вкупно 87 нелегални трансакции на ПОС терминали на повеќе домашни банки во 22 продажни места во Скопје, Куманово и Штип во износ од 241.292 денари. Утврдени се и други успешни нелегални трансакции, со кои се стекнале со имотна корист од дополнителни 400.000 денари, а за кои се уште не е добиена официјална пријава од оштетените банки, информираше на денешната прес – конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Извршени се претреси на вкупно шест локации и тоа една во Скопје и пет во Куманово, при што се пронајдени дел од предметите кои биле купени со фалсификувани платежни картички: парфеми, очила за сонце, мобилни телефони, таблет компјутери и друга брендирана стока.

При претресот во стан во Штип, каде што престојувале три од лицата, пронајден е уред за снимање податоци од платежни картички.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи