Приведени 25 улични препродавачи на дрога и лица барани за извршени кривични дела

Од:

Утрово Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Секторите за внатрешни работи по претходно обезбедени наредби за претрес од Судија на претходна постапка од надлежните судови, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и имотни деликти, изврши претреси кај лица за кои постојат сомненија дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. На 25 локации пронајдени се предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела и лишени се од слобода 25 лица.

Одземени се 49 паковки хероин, околу 1,8 кг марихуана, таблети екстази, една паковка амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко (магнетни) картички.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, „недозволено производство, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, како и соодветни кривични пријави од областа на компјутерски криминал, имотни деликти и др.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР