Приведени 17 странски државјанки во локал во Тетово

Од:

При претрес на угостителски објект во Тетово, полицијата вчера привела 17 странски државјанки поради нерегулиран престој и нелегална работа. Изречена им е забрана за двегодишен влез во Република Македонија, а во текот на денот тие ќе бидат депортирани.

Како што се наведува во соопштението, вчера во времето од 4:10 до 7:45 часот од страна на полициски службеници од ОКП-Скопје постапено е по Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен Суд-Скопје 1, при што е извршен претрес во угостителски објект во Тетово. Притоа, поради нерегулиран престој и нелегална работа, приведени се 17 странски државјанки од кои девет државјанки на Бугарија, две на Србија, една на Босна и Херцеговина и пет државјанки од Албанија.

На лицата, соопшти полицијата, им е изречена мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од две години. Во текот на денот ќе бидат депортирани од земјата.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ