Приведени 15 лица, по две се трага, претреси во 19 локации во Гостивар во полициската акција „Чекан“

Од:

Во полициска акција „Чекан“ денеска се приведени вкупно 15 лица, за две лица од извршените проверки е утврдедо дека ја имаат напуштено територијата на Република Македонија, најверојатно поради приватни причини, а по две лица  се уште се трага, сите во рамки на активностите за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија.

Кривично пријавените лица во текот на денов, соопшти МВР, ќе бидат спроведени до надлежниот судија на претходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 Скопје.

По претходно издадени наредби за претрес на дом и други простории, изутрината извршени се претреси на вкупно деветнаесет локации во Гостивар.

При пртрерс на дом, од страна на едно лице било употребено огнено оружје, односно било пукано кон полициските службеници.

– Осомничениот веднаш е совладан и приведен. До моментов во постапка за одземање се 20 патнички моторни возила, околу 43.510 евра, 12.080 швајцарски франци и 239.850 денари, 4 пиштоли без дозвола, 1 ловна пушка, околу 60 куршуми, нож, боксирач, 3 рамки за пиштол, 7 мобилни телефони, 11 СИМ картички, договори и предмети поврзани со оштетените лица, повеќе договори за заем на парачни средства, а утврдено е кривично дело кражба на струја, стои во соопштението од МВР.

Од страна на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, до надлежното јавно обвинителство поради основано сомнение за сторените кривични дела  ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Ф.А.(49), А.M.(51), И.А.(44) ,Ф.М.(54), Р.С.(44), Ј.С.(24), Ф.С.(22), Ф.М.(27), A.З.(35), М.С.(25), И.М.(44), А.И.(34), Ф.Х.(56), М.А.(38), Х.И.(32), М.И.(43), И.Б.(43) Н.М.(41) сите од Гостивар и В.Ј.(50) од Скопје. Меѓу нив осомничени се и четири адвокати и еден извршител, освен против физичките кривично ќе биде гонето и едно правно лице Друштво за угостителство, туризам трговија и услуги „Голден Плаце ММ”,  ДООЕЛ-с. Маврово, чиј сопственик и управител е пријавената сопруга на првопријавениот организатор на групата.

Мотивот на криминалната група бил стекнување противправна имотна корист од извршените кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување недвижен имот, како и давање незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените.

Криминалната група организирана од страна на петтемина првосомничени, според документираните сознанија, се појаснува во соопштението, започнала да делува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Адвокатите и извршителот на организаторите им укажувале помош со изработка на фиктивни и други договори и документација, на тој начин сторувајќи ги кривични дела „злосторничко здружување“, „фалсификување на исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Организаторите на криминалната група со повеќе лица од Гостивар, меѓу кои и сопственици на фирми, стапувале во должничко доверителски односи давајќи им различни суми на девизни парични средства како позајмици со лихварски камати од 8-20 проценти месечно, па откако ќе ги довеле во неликвидна економска состојба, им упатувале сериозни вербални закани, вршеле физички напади, а потоа ги терале да склучуваат фиктивни нотарски и адвокатски договори кои ги составувале адвокатите. Со вака склучените договори за купопродажба на недвижен имот или возила на неколку лица од Гостивар и околината, им го присвојувале нивниот недвижен имот или нивните возила, или со помош на извршителот покренувале и спроведувале постапки за извршување врз имотот на оштетените.

Од преземените мерки и активности преку финансиска анализа, стои во соопштението од МВР, се утврди дека прво пријавениот, како главен организатор на криминааната група, успеал да пушти во оптек вкупно  862.298 евра за кои знаел дека се прибавени со казниво дело, но со цел да ја прикрие нивната локација, движење и сопственост ги користел сите сметки на негово име, како и жиро сметките од правното лице „ГОЛДЕН НАЈТ”. Од останатите извршени финансиски анализи за пријавените физички и правно лице се утврди дека постои основано сомневање дека го сториле и кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“, претворајќи ги криминално стекнатите пари во недвижни и движна  сопственост.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски