Приведена жена под сомнеж дека опожарила автомобил

Од:

Една жена е приведена под сомнеж дека предизвикала опожарување на автомобил во гостиварското село Чајле.

Според СВР Тетово, полициски службеници, ноќеска (24 декември), половина час по полноќ, ја лишиле од слобода Б.Ј. (29) од селото Балиндол. Таа се сомничи дека ден пред тоа (23 декември) во периодот од 23 часот и 30 минути до 24 часот, опожарила патничко возило „бмв“ кое било паркирано во близина на куќата на неговиот сопственик С.Ј.(51) во гостиварско Чајле.

Опожарен бил предниот дел на возилото. Се расчистува и документира случајот.

Според сопственикот на опожареното возило, кој непосредно по избивањето на огнот ја затекнал осомничената изјави дека најверојатно станува збор за личност со психичко наршување и дека таа пред десетина денови исто така запалила возило на друга локација.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари