Приведена велешанка што се обидела да го запали Судот

Од:

СВР од Велес ја приведе 47-годишната М.П родум од Башино Село велешко поради тоа што утрово во 8 часот и 30 минути се заканувала дека ќе го запали Оснониот суд во Велес.

Таа со пластично шише од прашок за садови „Сјај“ во кое се наоѓал бензин ја попрскала влезната врата на судот, и сакала да  запали, но не успеала бидејќи била приведена од полицијата.

– М.П. е на распит и најверојатно против неа ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност, изјави за МИА  Александар Костов од СВР Велес.

Според полицијата мотивот на М.П за подметнување на бензин на велешкиот суд  била кривичната пријава што СВР Велес ја поднел против неа  за оштетување на јавна инсталација во Башино Село, односно за палење бандери.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Син нападна мајка во Велес

А1он