Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Од:

Во заедничка акција на полицијата во Тетово и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР вчера е уапсена 45-годишна тетовчанка, кај која се пронајдени 14 паковки кокаин.

Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово вчера околу 18.30 часот ја лишиле од слобода В.Р. (45) од Тетово, дилерка на кокаин.

– При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место, информираат од МВР:

В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски