Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Од:

76-годишна жена од Делчево е приведена затоа што во индустриската зона предизвикала пожар. Пожарот предизвикал значителна штета.

– На 21.03.2025 во 14.45 часот полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(76) од Делчево поради тоа што во индустриска зона во населбата Милково брдо во Делчево предизвикала пожар, при што била опожарена сува трева и насад со сливи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираше МВР.

Центарот за управување со кризи информираше дека во земјава само вчера имало 28 пожари на отворено. Повикаа да не се палат стрништа и ѓубре.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава