Приведен тетовец за трговија со дрога

Од:

По претходно обезбедени сознанија за можна трговија со наркотички средства, завчера околу 23 часот на локалниот пат Боговиње – Камењане, во  непосредна близина на добиточниот пазар во Боговиње, приведен е 26-годишниот С.И. од Боговиње.

Како што соопшти денеска МВР, при приведувањето од полициски службеници на СВР Тетово, кај лицето е пронајдена и одземена платнена торба, во која имало четири најлонски ќеси со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана со вкупна тежина од околу три килограми.

Пронајдената тревкаста материја, според соопштението, е фотодокументирана и е испратена за вештачење, додека С.И. е задржан. По завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ