Приведен тетовец, прoнајдено оружје и муниција во неговиот дом

Од:

Полицијата вчера пронајде оруќје и муниција при претрес на дом и помошни простории 63 годишен жител на Тетово.

-Врз основа на судска наредба, вчера во 21 часот полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“ кај 63 годишното лице од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“, соопштуваат од прес-службата на МВР.

Од таму информираат дека осомниченото лице било било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа