Приведен тетовец кој сторил десетина измами

Од:

Приведен е тетовец кој сторил десетина измами, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (10 март) околу 14 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците “Иво Лола Рибар” и “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш, поради сомнение дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година, кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари