Приведен скопјанец поради кражба на мотор

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „Одземање моторно возило“ (мотоцикл).

Министерството за внатрешни работи инфорира дека С.А. кривичното дело го извршил на 12-ти април на улица „11 Октомври“ во Градски трговски центар. Откако се уверил дека нема да биде забележан од никого, со употреба на сила и погоден предмет ја исекол и скинал сајлата од задното тркало на паркираниот мотор, по што се упатил во непознат правец.

По преземени мерки и активности на 10-ти јуни лицето е лишено од слобода и во извршен разговор со него во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра