Приведен скопјанец по распишана централна потерница за издржување на затворска казна

Од:

Од Министерството за вантрешни работи информираат дека е приведен скопјанец кој бил баран со централна поетрница за издржување на затворска казна.

„Денеска (14.04.2022) во 14.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје на подрачјето на Чаир го лишија од слобода М.Д.(59) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во врска со сторено кривично дело по чл.297 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ