Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Од:

Полициски службеници привеле скопјанец кој бил баран со централна потерница од Кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор, соопшти денеска МВР.

-Вчера во 14:00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на Гази Баба ја лишиле од слобода Б.М.(34) од Скопје, поради тоа што се барала по распишана централна потерница од Кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години и шест месеци за извршени кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, се наведува во соопштението на Министерството.

Од страна на полициски службеници, Б.М. била спроведена во Казнено-поправен дом Идризово.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски